Изгубено времеВо интервалот помеѓу
реалната илузија и
илузорната реалност,
среде неизговорените зборови
на непомислените мисли,
во шепотот на тишината
на заборавените сеќавања,
покрај разбудените соништа
осветлени од темнината,
го пронајдов моето
изгубено време.