Wednesday, April 06, 2005

Ништо












Ништо





Не мораш да кажеш ништо.
И јас нема да прашувам.
Нема да прашам ни „зошто“.
Знам, и самиот не знаеш.
Не мораш да кажеш ништо.
И јас нема да кажам
дека тишината повредува.
Ти простувам се,
и без да кажеш „извини“.
Не мораш да кажеш ништо.
И јас нема да кажам ништо.
Зашто....
Навистина повеќе нема ништо.