Wednesday, April 06, 2005

Сатисфакција















Сатисфакција





Го пуштив срцето
да потрча босо
низ ливадата од
нежни, миризливи чувства.
Во сенката на виножитото
од разнобојни сеќавања
го милува развигорецот
наречен копнежливост.
Трепетот од допирот
на расцутените бакнежи
нуди сатисфакција
за сите трње
кои можат да се најдат
во чекорите на страста.