Sunday, April 10, 2005

Можев














Можев





Можев да ти пратам поглед,
велат, очите се
огледало на душата.
Можев да ти дадам насмевка,
велат, насмевката е
најубав украс на човекот.
Можев да ти кажам збор,
велат, убавиот збор
железни врати отвора.
Можев, но замолчав.
Велат, молчењето е злато.
Станав побогата
со уште еден неизречен копнеж.