Thursday, April 07, 2005

Aпсолутна релативност








Апсолутна релативност




Доаѓаш заминувајќи.
Љубиш со омраза
и мразиш со љубов.
Знам.
Намерна случајност.
Иднината помина,
минатото трае,
а сегашноста......
допрва треба да се случи!
Во дел од денот,
наречен секојдневие,
бесмислено бараш смисол.
А знаеш, се е релативно.
Нема ништо апсолутно.
Освен...релативноста.