Sunday, April 10, 2005

Кражба










Кражба





Ја почувствував далечината
како студен допир на кожата
кој предизвикува морници.
Ја слушнав сопствената болка
како тивко ехо
заробено во камените чувства.
И барав излез
во чекорот наназад,
во сенката на младата месечина.
Пронајдов ѕвезди
кои не беа мои,
и ги украдов.