Sunday, April 10, 2005

Сега или никогаш












Сега или никогаш





Во некоја мината иднина
или можеби идно минато,
чувствував тажна среќа
или можеби среќна тага.
Сеедно.
За човек без минато
и без иднина
нема ни тага ни среќа.
Само празна сегашност.
Но не и за мене.
Јас имам и минато и иднина.
Имам и тага и среќа.
Само немам сегашност.