Sunday, April 10, 2005

Изгрејсонце










Изгрејсонце





Дојде во мугрите.
Го донесе изгрејсонцето
со пијан насмев на усните,
натопени од ноќта
собрана во шишиња вино.
Го искрши мракот
со испразнетите чаши,
и заспа,
додека утрото
ги собираше срчите.