Wednesday, April 06, 2005

Пијанство















Се испразни и
напукна чашата
од која ги пиевме
нашите души измешани
како опојно вино.
Ги нема повеќе
истиот мирис и вкус,
ниту занесот и трепетот
од слатките голтки.
Остана само мамурлакот.
Но, и тој ќе помине.