КомуникацијаТвоите очи
говорат за нежноста
со поглед кој милува.
Твоите прсти
шепотат за страста
со допир кој растреперува.
Твоите усни молчат
но бакнежите кажуваат
за топлината и трепетот.
Една нема прегратка
и крик задушен
од лавината емоции.
Каде се тука,
и има ли воошто
потреба од нив
- од зборовите?!