Saturday, April 30, 2005

Изгубено време













Изгубено време







Во интервалот помеѓу
реалната илузија и
илузорната реалност,
среде неизговорените зборови
на непомислените мисли,
во шепотот на тишината
на заборавените сеќавања,
покрај разбудените соништа
осветлени од темнината,
го пронајдов моето
изгубено време.

Tuesday, April 26, 2005

Бура
















Бура






Во моето ведро секојдневие
одненадеж, без најава,
а знам, и без намера,
се појавуваш како облак
кој носи дожд спомени,
студени а горливи.
Во дел од секунда
ќе скаменам лице
и ќе поминам рамнодушно
низ твојот зачуден поглед,
без поздрав, без ниту збор,
за да побегнам бегло
не од тебе, а од себе,
од бурата во мене,
бура од разбудени немири
и развиорени сеќавања.
Ќе се скријам во толпата
од лицемерни, еднобојни лица,
за да не ме пронајдеш
кога ќе тргнеш по мене
како некогаш одамна.
Знам, ќе се излажам повторно,
овојпат сосем убедена во тоа,
дека одамна си преболен
и засекогаш заборавен.

Клаустрофобија















Клаустрофобија






Низ прозорите на твојата душа
ќе влезам тивко, нечујно.
Како крадец ќе се прикрадам до
вратите на твоето срце,
чекор по чекор, на прсти.
И тука, на прагот од таа врата,
ќе застанам и ќе вдишам длабоко,
изморена, без здив .
Не, нема да влезам внатре.
Клаустрофобична е мојата душа.
Се плашам дека ќе се задушам
од ограниченоста на збиените емоции
помеѓу ѕидовите на твоето срце.
Јас сум дете на слободата,
бескрајот е мојот дом.
Ќе заминам истотака нечујно
како што и дојдов,
без ти воопшто да забележиш.
Ќе понесам со себе само еден дел
од немирните сенки во аглите ,
дел од притаената страст.
Ќе ги понесам тие впечатоци
со мене во бескрајот.

Saturday, April 23, 2005

Феникс






















Феникс




Секоја вечер
под закрила на мракот,
го убивам во себе
споменот на тебе.
Го убивам сурово
на безброј начини.
Го гушам во заборав,
го потопувам во неповрат,
го туркам низ амбисот
на презир и пребол.
Го убивам тој спомен
и заспивам уморена
во утринските часови.
А тој, како феникс
од пепелта во мене
се раѓа и ме буди,
посилен и помоќен.
Ми се насмевнува
и ме исполнува
со нежност и топлина.
Ми дава сила да издржам
до следниот самрак
кога пак ќе го убивам.


Monday, April 18, 2005

Помисла









Помисла




Некаде во мракот
на сенката на секојдневието
сокриени се мислите
поттиснати од збиените емоции.
Како добро позната тајна,
сокриена на дното од душата
воздивнува помислата
низ искрите од очите.
Помислата на чувствата почувствувани
на трепетот растреперен.
Смислена помисла
на бесмислени мисли.


Sunday, April 10, 2005

In media res








In media res





Се сеќавам добро
на заборавените чувства.
Се смирувам со немирот
а топлината на душата
го смрзнува разумот.
Можам ли,
да го напуштам откриеното,
да го заборавам запаметеното
и да ги избришам трагите
од чувствата врежани во мене?!
Не.
Го познавам непознатото.
Знам што не знам.
И . . . .
Можам да неможам.
Можам затоа што
сакам да неможам.

Имам











Имам





Имам насмевка
за твојата тага
да ја насмеам.
Имам храброст
за твојот страв
да го уплашам.
Имам врелост
за твојот студ
да го растопам.
Имам сонце
за твојот мрак
да го разденам.
Имам страст
за твојата апатија
да исчезне.
Имам енергија
за цела слабост,
и решителност
за цела нерешителност.
Да.
Имам.

Заседа










Заседа





Чекорејќи по работ
на разумноста и одговорноста,
вешто ги избегнував
сите вирчиња од сомнеж.
Преку чистиот, а каллив копнеж,
следејќи го светлиот траг
на темната страст,
се играв самата со себе
и сопствените емоции.
Несигурно сигурна во
чистотата на валканата љубов,
ненадејно, а очекувано,
се сопнав од поттиснатата
но неизбежна совест
и паднав во заседа
на самопрезирта.

Компромис











Компромис






Нема потреба од зборови,
ионака не ги разбирам повеќе.
Нема потреба ни од допири,
не ги чувствувам како некогаш.
Можеш и да навредуваш,
но верувај, сосем беспотребно е.
Нема да ме повредиш.
Љуби или замини.
Јас немам време,
ниту потреба од компромис.
Имам во себе љубов
која бара само љубов,
и не дава ништо друго
освен самата себе си.
Земи или остави.
Што и да избереш,
што и да направиш,
јас останувам истата.
Со чиста, недопрена душа,
силна и спремна за борба
со се што носи утрото.
Секогаш само своја.
Бескомпромисно своја.

Мост











Мост





Меѓу два брега спротивставени
копнежливи соништа поделена,
ги поврзувам заедно
а самата не припаѓам никаде.
Исправена над амбисот
од предрасуди и презир,
несигурно нудам сигурност
на меките стапалки на страста
во нејзината дива игра
помеѓу двата брега.
По секој премин остануваат исти
и бреговите и страста.
Само јас останувам
на средина од никаде,
изгазена од страста.

Заборави











Заборави





Заборави за момент на се.
Заборави на времето,
заборави ги правилата.
Ќе ја почувствуваш
светлината на мракот,
мудроста на незнаењето,
бистрината на маглата.
Тогаш,
и болките се безболни.
Се распрснуваат низ просторот
ослободени од рамките во душата.
Избриши ја
линијата на хоризонтот,
и освои го бескрајот.
Сруши ги границите на патот
кон безграничната среќа.
Едноставно - заборави се!

Дојди















Дојди




Дојди,
кога зората ќе зазори,
кога денот ќе раздени,
кога цветот ќе расцути.
Тогаш ронките љубов се ронат
од очиве и хранат други очи.
Дојди,
кога мракот ќе премрачи,
кога ноќта ќе преноќи,
а сонот уште сонува.
Дојди и сакај ме
кога ќе посакаш да сакаш.
Зашто љубовта е заљубена
во тој што љуби.
Дојди. . .

Молчи












Молчи





Молчи, не зборувај ништо.
Изгубениот сјај во твоите очи
кажува повеќе од зборовите
кои невешто си поигруваат.
Молчи, не зборувај ништо.
Скриениот поглед е говорник
за мислите кои се препелкаат
во калливите зборови.
Молчи, не сакам да слушнам нешто
што одамна го чувствувам.
Вистината е само
непотврдена лага.

За тебе










За тебе





Создадов за тебе
чудесен свет од илузии.
Го закитив со соништа
и осветлив со надеж.
Исплетов мрежа од желби,
ја оставив пред портите,
и го фрлив клопчето
да се тркала до тебе,
да ти го покаже патот.
А ти . . .
Ти го пречекори и замина.

Ноќва









Ноќва




Ноќва можеш да кажеш се.
Се што не сакаш да кажеш.
Можеш да заминеш
за пак да се вратиш,
а можеш и да се вратиш
за пак да заминеш.
Ноќва можеш да ме навредиш
со најнежните зборови.
Можеш да слушаш без зборување
или да зборуваш без слушање.
Можеш со насмев да запееш
или да ја исполниш собава
со крик на болка и солзи.
Ноќва. . . погледни ме.
Јас не сум јас.
А ноќва, само ноќва,
ти си вистинскиот ти.