НедореченостСе сопнав од убавите желби
и ги истурив зборовите
кои се стркалаа по подот
сосема измешани,
распрснати на сите страни
до валканите, правливи агли,
до лепливите пајажини.
Успеав да соберам
само мал дел од нив,
пред да ги згазе тишината,
пред да станат дамки
на подот од недореченоста.