Временска прогнозаНекогаш беше ветар страстен
кој шепоти и милува.
Беше и сјајно сонце
кое зрачи со љубов
и ја грее душата.
Потоа стана сив облак
кој донесе студен дожд
и се’ претвори во кал.
Сега....
Сега си сув, жолт лист,
изгорен од сонцето.
однесен од ветерот,
и извалкан во калтта.
Спомен заглавен во
празниот, безимен простор,
вакуум без емоции.
Чувствувам, ќе паѓа снег.
Ќе ги покрие сите трагови
и ќе го сочува срцево
до следната пролет.