Не бев јасЗаборави ги моите допири.
Тоа не бев јас,
тоа беа моите раце.
Заборави ги моите бакнежи.
Тоа не бев јас,
тоа беа моите усни.
Заборави ја мојата страст.
Тоа не бев јас,
тоа беше моето тело.
Заборави го и копнежот,
и нежноста и трепетот.
Тоа не бев јас,
тоа беше немирот во мене.
А јас.....
Јас бев тука некаде,
но никогаш каде што требаше.