Граматика на мислитеТе нема долго време
во моите песни,
а дишеш сепак
во секој напишан збор.
Ги замаглуваш со здивот
стаклените придавки,
и се трансформираш
во апстрактна именка.
Метафорично навестуваш
суфикси и префикси
на коренот искреност.
Не си повеќе глагол
но сеуште ги движиш мисливе
од минато несвршено
кон идно помислено време.
Граматичка грешка
во љубовниот жаргон.