Броење
Игравме игри во
кои
некој мора да
победи.
Наместо да играме
игри во кои никој
нема да изгуби.
Броевме победи
и порази.
Пребројувавме
грешки.
А можевме да
броиме
премолчени
зборови,
ѕвезди на небото,
или соништа недосонувани.
Секој различно
би изброил,
и никој не би
погрешил.
Кој ќе преброи?!
No comments:
Post a Comment