Крајот на бескрајотВо само еден миг
ја допрев вечноста.
Ги затворив очите
и го видов крајот.
Крајот на сите стравови,
крајот на сите сомнежи.
И тука,
на самиот почеток од крајот,
во ѕвездената прашина
од копнежи и воздишки,
со сладок трепет
во мислите, во душата...
го вдишувам немирот
кој ми дава сила
да чекорам со насмевка
кон крајот на бескрајот.