Флексибилност
Флексибилност Под силниот налет
почувствуваност
страста се сви
до дното на копнежот,
ги допре студените усни
на сопствениот корен
и го вкуси нивниот
сочен, а горчлив вкус.
Се заниша скоро опиено и
се исправи побрзо
отколку што се сви.
Вкусот во усните остана
да потсетува на таа
еластичност на емоциите.