ДетерминантаТвојата душа ја измачува
немир на некоја друга душичка,
како што мене ме измачува нечиј,
и како што мојот немир
измачува сосем трета душа.
Знам, такви се параметрите
на равенката љубов.
Лесно манипулираме со познатите,
но, секогаш има повеќе непознати
отколку што сме очекувале.
И, сите сме само една
од детерминантите во системот.