ПолиглотПред да ме запрашаш мене,
запрашај се прво себе си.
Мојот молк звучи сосем исто
како и твоето премолчување.
Во гласно изговореното е разликата.
Ти сакаш да сокриеш,
а јас да не дознаеш.
Уморни сме одговарајќи
на прашањата без одговори.
Ти трагаш по речникот
на мојата тишина,
а јас знам да молчам
на 1000 различни јазици.