Ветер во дланкитеФати во ветрот во дланките
и однеси ги сите сомнежи
замрсени во моиве коси.
Постели ги облаците пред мене
да не се повредам кога
ќе паднам на своите сни,
спрепнувајќи се од страста.
Мрежата од погледи ја лови
пеперугата на копнежот
во нејзиниот лет помеѓу
помисленото и изговореното
Низ расцутените насмевки
и миризливи двосмислености
провејува трепетот.
Фати го ветрот во дланките.